5 причини зошто треба да одберете „смарт“ ТВ

Ако се одлучивте домот да го подновите со нов ТВ или пак ако имате страст кон Тв технологијата, тогаш дефинитивно вашиот следен избор за Тв треба да е „смарт“, а еве зошто:

1.Интернет
Ако се обидувате да се одморите на каучот во домот, и навистина сте мрзеливи да го земете вашиот смартфон, само прелистајте ја мрежата на телевизорот. „Смарт“ ТВ може да ве поврзе со интернет со апликација за пребарување како Opera. Се што ви треба е далечинскиот управувач за да пребарате низ веб-страниците.
Тоа е навистина кул, нели ?

2. Апликации и игри
Апликациите и игрите на „смартфонот“ се вистинска зависност, а замислете како тие изгледаат на „смарт“ Тв?
Одговорот е – дупло повеќе!
Ако го земеме во предвид и проследувањето на видеа и филмови од апликациите на YouTube, Netflix и Hotstar, викендите ќе бидат многу позабавни од сега.

3. Видео повици
Повиците на Skype повеќе нема да бидат тортура на мал екран. Сега ќе имате доволно голем екран за вашиот коференциски повик да е комплетно професионален.
Во случај да ви е здодевно , тука се апликациите за Facebook и Twitter !

4. 4k за вистинско доживување на филмот
Фантастичната слика и 4к резолуцијата, се вистинско доживување. Дефинитивно оваа карактеристика на вашиот „смарт“ тв екран ќе ви стане омилена, а животот повеќе колоритен.


5. PVR/DRV функционалност
Снимете ги вашите омилени емисии  кога се прикажуваат на телевизија со PVR / DVR функцијата. Можете да ги погледнете  вашите записи во секое време.

Изберете го вашиот „смарт“ Тв мудро и изберете карактеристики што  ќе ги користите.
Уживајте го глетката!

 

Share: