Заштити се и олади со климите на Vivax

Секој ден е се пожешко, а штом дојде зимата ќе дојде моментот кога воздухот ќе
биде загаден. Климата е неизбежна, но затоа може да си создадеме своја преку
клима уредите. Нивната технологија толку многу напредна што има уреди кои
покрај тоа што го прочистуваат воздухот во домот ја минимизираат и загаденоста
на околината. Ладењето во текот на летото, кое е воедно се предвидува дека ќе е
едно од најтоплите во човековата историја баш поради загадувањето, е од големо
значење за здравјето и за комфорот. Едни од најдобрите клими се произведени
од Vivax кои се најпродавани на пазарот во Македонија. Тие имаат 3 клучни уреди
кои ги задоволуваат потребите на сите.
Да се запознаеме со Vivax M дизајн ACP-12CH35AEMI R32?

Оваа серија на производи е доказ зошто Vivax е еден од најбараните
производители за клими. Овој уред е со многу пристапна цена, а нуди многу
повеќе за тој ранг. Тој има 3D инвертер технологија што овозможува значајни
енергетски заштеди, тивка работа и долготраен квалитет. Внатрешната единица
има и БИО филтер и филтер за прашина што го прави воздухот кој го дишете
чист. Надворешниот дел има нова конструкција која е уште потивка и поотпорна
од надворешните услови од постарите модели. Сето ова го добивате за пристапна
цена и во А++ енергетска класа во ладење и А+ во греење.

Прекрасната Vivax R дизајн ACP-12CH35AERI

Овој клима уред изгледа многу убаво со своите едноставни и привлечни линии.
Исто како и Vivax M дизајн има посебна 3D технологија со многу напредни
карактеристики. Внатрешната единица покрај БИО филтерот има и јонизатор кој
многу убаво го чисти воздухот. Овој уред лади на А++ и грее на А+ додека
надворешниот дел има грејач на компресорот и кондензаторот што ја прави многу
ефикасна за време на греењето што може да работи и на -15 C. За секој кој сака,
покрај тоа да ја уклучува и исклучува климата преку мобилен, да постави тајмер,
да знае колку енергија троши уредот, како работи истата и да ја има можноста да
дијагностицира потенцијален проблем може да си купи додатен WIFI уред.

Vivax Y ACP-09CH25AEYI е најефикасниот уред

Овој уред на Vivax има енергетска класа при ладење и греење од А+++. Од
функционалности ги има некои од најнапредните функции како I Feel, Турбо мод,
автоматски мод, автоматски рестарт, самодијагностика, БИО филтер, и многу
други. Таа може да грее и да лади и до –32 C. Со овој уред го добивате
најефикасниот уред со многу напредни функции покрај тоа што има специфичен и
интересен изглед.
М и Y дизајн вклучуваат и R32 фреон кој според производителот овозможува и до
10% намалување во потрошувачката на електрична енергија и има 78% помало
влијание врз глобалното затоплување од неговиот претходник, R410. Доколку се
направи промена во класичниот фреон во R32 во целиот свет, до 2030 година
емисијата на CO2 ќе се намали за 800 милиони тони (19%).
Кој уред би го избрале вие?
За да се запознаете и со останатите од семејството на Vivax може да ги посетите
нивните официјални Фејсбук, Инстаграм и веб страни.
https://www.vivax.com/
https://www.facebook.com/VivaxMacedonia
https://www.instagram.com/vivaxmacedonia/

Share: