Смартфон и таблет за вашето дете. Да или Не?

Загрижени сте за прекумерната употреба на таблети? Размислувате дали да му дозволите на Вашето дете да го користи?

Прочитајте подетално за позитивните и негативните последици при користење таблет.

Таблетот и паметниот телефон се одлична заниманиција доколку сакате вашето дете да е мирно и тивко. Вистински „спас“, за да го испиете кафето на раат.
Родителите најчесто се обидуваат да го смират детето со еден од овие уреди, благодарејќи на многубројните анимирани цртани, детските апликации, игри и екраните на touch, кои се доста интересни за малите деца .
Учителите, психолози, и докторите препорачуваат внимателно користење на  iPads, iPhone-и, андроиди и други уреди со екран на допир кај деца под 3 години. Тие веруваат дека подолго време поминато пред екранот може да биде штетно за детето.

За да не сме во постојана конфузија во однос на ова прашање, стручните лица ги споделија позитивните и негативните карактеристики на овие уреди:

Негативни карактеристики при користење  на таблет и смартфон за вашето дето

– во почетниот стадиум на развојот, детето најмногу учи преку интеракција со луѓе, а не преку малиот екран. Недоволната комуниакција со луѓе и поставување на концентрацијата кон екранот, може да биде штетна за понатамошниот развој на мозокот на детето;

– екраните го одвлекуваат вниманието на возраст од една или две години, од интереакција со родителите, браќата и другите блиски… Дан Зигел од „Центарот за истражување на свеста“,  смета дека ова може да го попречи јазикот, социјалниот и емоционалниот развој. Тоа може да влијае на развојот на децата при нивното спознавање на себеси, развивање на емпатија и поврзување со останатите луѓе.

– малите деца треба да бидат физички активни. Тие треба активно да ја истражуваат нивната околина, а не да се фиксирани на едно место и да ги добиваат речиси сите стимулации преку екранот, активно да го градат своето тело преку физичка игра. Ова е причината зошто Американската академија за педијатрија (AAP), не препорачува децата помали од две години да поминуваа време пред екранот;

– бебињата и малите деца подобро учат од  пипливи материјали- играчки, наспроти она што го гледаат на екранот. Тоа е многу подобро за нивниот развој;
– преголемото експонирање пред екраните кај повозрасните деца, ја намалува можноста за уживање во природата, социјалното дружење преку игри и хоби, интеракција лице-во лице, развивање на социјални вештини и емоционална интелигенција, кои се клучни за понатамошниот развој за успех во животот.

Позитивни карактеристики при косритење на таблет и смартфон за вашето дете

За да се минимизираат штетните ефекти и да се максимизираат придобивките, тука се и насоки за користење на уредите од страна на вашето дете:

-Децата развиваат способност за технологија, што е важна вештина за нивната иднина. Технологијата ќе биде дел од нивното школство, па разумно е вашето дете да го истражува овој свет уште на рана возраст. На вашето дете може да му биде интересно користење на технологија и да биде заинтересирано за учење на кодирање, кое има многу предности;

-Таблетите и паметните телефони нудат можност вашето дете да научи и да го стимулира својот ум на забавен начин;

– Ако се користат паметно, таблетот и паметниот телефон може да бидат и одличен уред преку кој детето ќе го спознава светот. На пример родителите може да посветуваат кратко време во текот на денот да му ги објаснуваат темите што детето ги гледа на екранот;

-Таблетите и паметните телефони се исто така алатки за комуникација. Повозрасните деца денеска може многу лесен да ги развијат својте комуникациски вештини користејќи онлајн апликации како Skype, Viber и сл, кои влијаат на изразувањето. Особено е важно за адолесценти или тинејџерите.

-Никогаш не дозволувајте вашето дете да биде окупирано со некои од овие уреди доколку се наоѓате надвор на прошетка или во природа;

-Изберете канали кои се наменети за деца и  а доколку детето е повозрасно, контролирајте ја содржината што ја гледа. Квалитетот на содржината е многу важен момент при користење на смартфон или таблет апликации;

– Истражувањата велат дека 2 часа на ден за деца на возраст од 3 до 18 години за користење на таблет и смартфон, се во ред. Додека пак за двегодишпните деца, или помладите ретко се препорачува.

Share: