VIVAX топлински пумпи – Решение за идеална температура во домот во текот на целата година

Најважното нешто на секој дом е наоѓање на идеално решение за ладење и греење кое што ќе биде најефикасно и најефективно и ќе има најниски трошоци.

vivax-toplinski-pumpi-reshenie-za-idealna-temperatura-vo-domot-vo-tekot-na-celata-godina-01_630x340.jpg

Секое домаќинство посакува да има идеална температура во текот на целата година, не зависно oд тоа дали температурите се екстремно ниски или летните горештини го достигнуваат врвот. Вистинското решение на овие желби и потреби го нудат новите VIVAX топлински пумпи, кои што можат да го претворат домот во вистинска оаза на удобност со совршена температура, во текот на целиот ден, секој ден.

Предноста на користење на енергија од природата е секако во обновливите и неограничените ресурси. Бесплатната енергија е насекаде околу нас – во водата, воздухот, земјата, сонцето. Еколошкиот систем на VIVAX топлинските пумпи ги користат овие извори на енергија, со што ја гарантираат економичноста и ја зголемуваат фреквенцијата на примена. Електричната енергија се користи минимално, односно само за работа на пумпата, така што загадувањето на воздухот се намалува дури до 95%.

vivax-toplinski-pumpi-reshenie-za-idealna-temperatura-vo-domot-vo-tekot-na-celata-godina-02.jpg

Напредната технологија и ефикасните карактеристиките на VIVAX топлинските пумпи значат дека секое домаќинство може да ужива многу повеќе отколку само загревање и ладење на домот. Со системите за ледење и греење со VIVAX топлински пумпи, кои што имаат автоматски контролен панел преку кој температурата може лесно да се прилагоди и следи во секоја просторија поединечно, и во зима и во лето, многу е лесно да се спроведе и да се најде оптимална температура.

Голем број на медицински истражувања и лекарски совети укажуваат на тоа дека идеална и најздрава температура во домот е од 21 до 25 степени целзиусови. Сепак, ова е променливо, во зависност од тоа дека на поединци им е потребна потопла средина, како што се бебињата, постарите лица или болните луѓе. Додека пак на одредени луѓе нормалната температура им е премногу висока и истите ги преферираат пониските температури. Можност за контрола на температурата, квалитетен воздух, намалување на трошоците, топла вода во домот и современа технологија, се основните карактеристики на топлинската пумпа која што ја нуди компанијата VIVAX на македонскиот пазар.

vivax-toplinski-pumpi-reshenie-za-idealna-temperatura-vo-domot-vo-tekot-na-celata-godina-03.jpg

Без оглед на температурите надвор, идеалната внатрешна температура прави секој еден човек да се чувствува пријатно додека е во својот дом или на работното место. VIVAX топлинските пумпи се најефикасното и најефективно решение за постигнување на посакуваната температура, во секое време. За дополнителна погодност, моделот обезбедува можност за регулирање преку далечински управувач преку Интернет, така што системот може лесно да се контролира, преку апликација, од паметен телефон, таблет, лаптоп или компјутер. Оваа опција е особено привлечна за корисниците кои честопати се надвор од домот, а сакаат да бидат пречекани од загреана или оладена просторија на време. Со оваа опција за далечински управувач, односно управување преку интернет, системот може да се активира лесно и едноставно со подесување на само една опција, кликнување од каде било.

Токму заради можноста да се зголеми енергетската ефикасност, топлинската пумпа е најекономичен избор за системот за ладење или греење, особено ако заштедите се гледаат долгорочно. Покрај долгорочната ефикасност и удобност што им ја даваат на клиентите, топлинските пумпи стануваат сè почест избор за системи за ладење и греење во хотелите и другите големи објекти, но исто така се повеќе се користат во семејните домови.

vivax-toplinski-pumpi-reshenie-za-idealna-temperatura-vo-domot-vo-tekot-na-celata-godina-01.jpg

За дополнителни информации за новите VIVAX топлински посетете ја веб страната http://zivejgovivax.mk/ или некое од продажните места од нашата продажна мрежа https://www.google.com/maps/d/viewer?mid=1QljR3INNv86PN05FkyDe1PNvxh5pgbzS&hl=en&ll=41.567006403650815%2C22.157694274929057&z=8

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *